• Саше Љолес
Екипата на Динамо Загреб се пласираше во плеј-офот од Лигата на шампионите, откако го потврди учеството со уште една победа над литванскиот Спирис Каунас, овој пат со конечни 1-2.
Хрватскиот гигант со вкупни 7-1 минува во последната рунда пред групната фаза, каде ќе има двомеч со норвешкииот Викинг. Лукас Качавенда и Јосип Мишиќ стрелаа за „модрите“ вечерва, а единствениот гол за Литванците го постигна уште еден Хрват, Габриел Дебељух.
Историски резултат запиша тимот на Сабах Баку од Азербејџан, кој го совлада данскиот Архус со убедливи 4-0 и со севкупни 5-2 закажа двобој со подобриот од дуелот помеѓу Хапоел Бер Шева и Црвена Звезда. Со пласманот во плејофот клубот за првпат ќе игра групна фаза во УЕФА натпреварувањата.
Пласман во следната фаза обезбеди и екипата на Бодо Глимт, која го елиминираше Унион Сент Жилоа од Белгија со вкупни 6-5, а на вечерашниот меч славеше со конечни 3-2. Во регуларното време резултатот гласеше 2-2, стрелци за домаќинот беа Бломберг и Хауге, а конечните 3-2 ги постави Хелмерсен во 117. минута од натпреварот.





