Модриќ: Жал ми е што замина Роналдо, сакав да продолжи во Реал Мадрид

Фудбалерот на хрватската репрезентација и Реал Мадрид, Лука Модриќ, со својата репрезентација обезбеди место во финалето на Мундијалот во Русија, но сепак не заборави и да го испрати својот доскорешен соиграч во дресот на „кралевите“, Кристијано Роналдо.

„Јас и претходно кажав која беше мојата желба. Сакав Роналдо да ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид. Му посакувам само успеси во дресот на Јувентус, освен во натпреварите кога ќе игра против нас“, изјави Модриќ, по големата победа против Англија.

33-годишниот Лука Модриќ играше заедно со Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид од 2012 година, кога во „кралскиот клуб“ пристигна од Тотенхем. Заедно со Роналдо беа главни носители на играта во походот на четирите титули во Лигата на шампионите.