ВИДЕО: Модриќ веќе е на одмор - Хрватот неверојатно пасивен при водечкиот гол на Еибар

Во неделата во која на големо се коментираше изјавата на поранешиот тренер на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона, Радомир Антиќ, кој рече дека Модриќ со ништо не заслужил да ја освои „Златната топка“, Хрватот не се погрижи да го демантира.

Имено, Модриќ одигра скромен натпревар во победата на „кралевите“ против Еибар, па и покрај победата, доби ниски оценки. Медиумите посебно го критикуваат Хрватот за пасивноста при водечкиот гол на Кардона за гостите од Еибар.

Имено, тие сметаат дека Модриќ веќе е на одмор и затоа не притиска во играта во одбраната, што секако не беше негова одлика пред некоја година. 

  • Пасивноста на Модриќ при водечкиот гол на Еибар: 

Со двата гола на Бензема, екипата на Зинедин Зидан го сврте резултатот и славеше со 2-1 притив Еибар.