Модриќ разочаран: Првпат во дваесет години чувствувам ваков срам!

Хрватската фудбалска репрезентација доживеа вистински дебакл во Ријека, откако беше декласирана од Англија со неверојатни 0-7, а по натпреварот капитенот Лука Модриќ не криеше колку е разочаран од изданието на својот тим.

Искусниот играч за врска призна дека тешко може да најде објаснување за она што Хрватска го прикажа на теренот. Особено го погоди начинот на кој репрезентацијата се бореше, односно недостигот на дуели, агресивност и заедништво.

„Тешко е да се најде објаснување за ваквата игра, без дуели, прекршоци, агресивност, заедништво... Тука сум дваесет години, но првпат чувствувам срам по натпревар. Може да се загуби, некој е подобар, моментално тие се подобри. Но, да се загуби на ваков начин и вака да се прокоцка угледот што го градевме сите овие години е недозволиво. Навистина чувствувам срам“, изјави Модриќ.

Хрватска беше целосно надиграна од Англија, а конечните 0-7 се еден од најтешките порази во историјата на националниот тим.

Состави

Славен Билиќ

4-2-3-1

    Томас Тухел

    4-3-3