• Горан Упале

Фудбалската селекција на Хрватска ја освои бронзата на Светското фудбалско првенство во Катар, а Лука Модриќ, капитенот на „ватрените“, имаше голема поддршка од трибините.
По победата над Мароко од 2-1 на фудбалскиот терен пристигнаа и децата на хрватските репрезентативци. Андреј Крамариќ, Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Бруно Петковиќ и Иван Перишиќ беа главните ѕвезди со своите наследници. Веднаш потоа големиот капитен се упати кон трибините каде беше неговиот татко Стипе Модриќ.
Нивната прегратка беше овековечена од бројни фоторепортери, а емоциите кои ги искажаа се само доказ колку им значи овој голем успех.