Модриќ по победата на Хрватска од 5-1: „Можевме да дадеме уште некој гол“

 

Хрватска ја декласираше Чешка со 5-1 во квалификациите за Светското првенство. „Коцкестите“ во целост го разбија ривалот од кој очекуваа поголем отпор, а за тоа зборуваше и Лука Модриќ. Капитенот дури кажа дека можеле да постигнат и повеќе голови.

„Бевме на високо ниво. Овој резултат е феноменален и среќни сме за трите бода. Треба вака да продолжиме, бевме подобри речиси цел натпревар. Можеби можевме да дадеме уште некој гол. Првото полувреме го одигравме одлично, а во продолжението влеговме побавно. Бргу се вративме и продолживме како што започнавме. Пристапот, играта и сите сегменти беа на високо ниво. Малку сме изненадени и се прашуваме зошто Чешка падна така, знаевме дека се цврсти и агресивни“, прокоментира Модриќ. 

Во листата на стрелци за Хрватите се запишаа Лука Модриќ, Андреј Крамариќ двапати, Иван Перишиќ и Анте Будимир.

ФОТО/PHOTO: Hrvatski nogometni savez/Facebook

Состави

Златко Далиќ

4-2-3-1

    Иван Хашек

    3-4-3