Модриќ: Ова е нестварно, требаше да ги победиме многу порано од продолженијата

Со уште една лавовска партија, капитенот Лука Модриќ ја наметна кандидатурата за најдобар фудбалер на Светското првенство. Во победата од 2-1 против Англија, ѕвездата на Реал Мадрид вгради 120 минути лавовска борба, трчање и лидерство.

По средбата скромниот Модриќ ги отвори чувствата и бликаше од среќа. 

„И денес одигравме феноменален натпревар по примеиот гол. Иако не потценуваа, ни велеа дека сме уморни, се издигнавме. Требаше да ги победиме порано, но добро е што победивме и пред пеналите. Никогаш не се предаваме, верувавме дека ќе се вратиме и моравме да постигнеме гол за израмнување и за победа. Ова е нестварно што ни се случува, можеме да бидеме горди. Ова е еден од најголемите успеси на хрватскиот спорт, но дојдовме по уште повеќе и нема да застанеме. Бевме скромни, игравме меч по меч, чекор по чекор, но во нас бевме уверени во можностите. Откако сум во оваа репрезентација, никогаш не сме биле вака уверени во квалитетите кои ги поседуваме“, смета Модриќ.

Малку фудбалери успеале да ја освојат Лигата на шампионите и Светското првенство во иста календарска година, а Модриќ како протагонист може тоа да го стори во пет недели.

Финалето меѓу Франција и Хрватска се игра в недела од 17.00 часот.