Модриќ: Ова е многу важен трофеј за нас, за добро да ја почнеме сезоната

Лука Модриќ е еден од најискусните во таборот на Реал Мадрид во пресрет на Суперкуп пресметката со Ајнтрахт Франкфурт. Хрватот, кој досега има осум европски трофеи со „кралевите“, сега е во потрага по деветтиот против германскиот ривал.

Самиот Модриќ нагласи дека во клубот посакуваат победа и на добар начин да се отвори новата сезона. 

„Ова е многу важен трофеј за нас, на стартот на новата сезона. Сакаме да започнеме на високо ниво. Паметиме дека последен пат кога игравме, загубивме од Атлетико Мадрид во Естонија во 2018 година, па не сакаме да ни се повтори тоа чувство“, кажа Модриќ.

Реал Мадрид важи за фаворит во пресметката со Ајнтрахт Франкфурт. Дуелот во Суперкупот е закажан за вечерва во Хелсинки со старт во 21:00 часот.