Модриќ нема намера да се пензионира од Хрватска, сака да игра и на СП во Катар

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лука Модриќ, не планира да се пензионира од репрезентацијата на Хрватска, со која пред три години ѝ го донесе најголемиот успех на нацијата, освојуваќи го второто место на Светското првенство во Русија.

Шпанската „Марка“ пишува дека 35-годишниот играч за врска го прифатил новиот повик на селекторот Далиќ за квалификациите за Мундијалот во Катар 2022, со цел да ѝ помогне на селекцијата да се пласира на планетарниот собир, а по тој турнир планира да се опроссти од репрезентативниот дрес. 

Модриќ за Хрватска дебитираше во 2006 година, а освен на Светското првенство во 2010 година, учествуваше на сите големи натпреварувања. Тој беше најзаслужниот фудбалер на Хрватска за големиот успех на Мундијалот во Русија, а за својата селекција досега има одиграно 142 натпревари и постигна 18 голови.

Останува да видиме какви се неговите размислувања за клупската кариера, каде што има договор со Реал до 30 јуни следната година.