• Саше Љолес

Шпанскиот фудбалски портал „Гол“ излезе со информација дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ планира да замине во пензија доколку не му биде продолжен договорот со Реал Мадрид.
Иако се шпекулираше дека Хрватот ќе замине во клуб од Саудиска Арабија, сепак тој решил уште еднаш да се избори за нова соработка, а во спротивно би ставил крај на неговата богата кариера. Голема желба на Модриќ е да се пензионира како играч на Реал, па останува непознато само дали тоа ќе се случи по истекот на оваа или следната сезона.
Лука Модриќ е вистинска легенда на „кралскиот клуб“ и за мадридскиот гигант одигра 352 натпревари, а воедно освои и пет трофеи во Лигата на шампионите. Во дресот на Реал Мадрид стигна и до најпрестижната индивидуална награда, „Златната топка“.