Модриќ како вистински џентлмен: Не е секогаш важно да победиш...

Модриќ Меси

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ, направи прекрасен гест по вчерашната церемонија во Париз, на која ја предаде „Златната топка“ во рацете на Лионел Меси.

Хрватот, кој ја одбележа 2018 година, испрати порака до својот ривал од Барселона и на социјалните мрежи напиша:

„Спортот и фудбалот не се само за победа, туку и за почит кон соиграчите и ривалите“.

Зборовите на освојувачот на наградата од минатата година беа поздравени од страна на целиот фудбалски свет, кој го прогласи за вистински џентлмен.