• Горан Упале
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија шпанскиот Суперкуп, откако во финалето во Ријад пред полни трибини на стадионот „КСУ“ ја совладаа Барселона со 4-1.
За Реал од 81. минута настапи Лука Модриќ на местото на Тони Крос. Капитенот на хрватската репрезентација го освои својот 24-ти трофеј во дресот на „кралскиот клуб“ со што се наоѓа на второто место на вечната листа на трофеи во историјата на Реал Мадрид.
Имено, Модриќ и Начо Фернандез освоија по 24 титули во дресот на Реал Мадрид и со тоа го делат второто место, а со уште една освоена титула би го делеле првото место со актуелните рекордери Карим Бензема и Марсело, кои имаат по 25.
Модриќ со Реал од 2012 година до денес освои три шпански титули, два Купа на Кралот, пет шпански Суперкупа, пет трофеи од Лигата на шампиони, четири европски Суперкупа и пет Светски клупски првенства.