Модриќ го провоцирал Салах по финалето од Лигата на шампионите

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго Силва откри дека неговиот соиграч Лука Модриќ го исмејувал напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах по финалето во Лигата на шампионите.

Салах пред финалето изјави дека го посакува токму Реал во битката за најпрестижниот трофеј, но „кралевите“ одново излегоа како победници и со голот на Винисиус славеа со минимални 1-0 во Париз.

„Кога заврши финалето, поминавме покрај играчите на Ливерпул. Салах беше малку тажен, а Модриќ му рече дека следниот пат може ќе го освои трофејот“, рече Родриго.

Бразилецот изјави дека египетската ѕвезда бил мотивација за играчите на Реал на тренинзите пред финалето.

„Кога ривалот ќе те провоцира, понекогаш сакаш само да победиш за да можеш да се исмејуваш со него подоцна. На тренинг викавме: „Ајде Салах, ајде Салах“. Во нашите глави беше само победа, за потоа да го исмејуваме Салах“, додаде Родриго.

За Модриќ ова беше петта титула во Лигата на шампионите, додека за Салах втор пораз во финалето. Сепак, првиот ас на „црвените“ пред три сезони го освои најпрестижниот европски клупски трофеј.

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Карло Анчелоти

    4-3-3