Модриќ го победи Меси во изборот на ИФФХС, Куртоа е голман на годината

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2018 година според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС). Освојувањето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид и мундијалското финале со националниот тим му донесоа 272 бода.

Второто место со 128 гласа помалку му припадна на Аргентинецот Лионел Меси, а на третата позиција се најде Белгиецот Еден Азар.

ИФФХС го избра Тибо Куртоа за најдобар голман годинава, откако по бројот на гласови ги победи Хуго Лорис и Џанлуиџи Буфон.