Модриќ: Донесов одлука за иднината, но сега не е момент да зборувам за тоа!

Во финалето од завршниот турнир во Лигата A од Лигата на нации триумфираше репрезентацијата на Шпанија против Хрватска со 5-4 по подоброто изведување на пенали.

Овој натпревар номинално беше последен на Лука Модриќ во дресот со државниот грб. Иако фановите му пееја да остане и да игра и во евро-квалификациите, кои продолжуваат во септември, капитенот испрати мистериозна порака по финалето во Ротердам.

„Голема штета. Се боревме до последен момент, натпреварот беше многу тензичен на двете страни. Тежок дуел, надигрување и за жал тие пенали отидоа на другата страна и тоа е тоа.

Реков дека донесов одлука за мојата репрезентативна иднина, но не сакам сега да зборувам за тоа“, изјави капитенот на хрватската репрезентација за една од националните телевизии по натпреварот во Ротердам.

Модриќ игра во националниот тим седумнаесет години, освои едно второ и едно трето место од Светските првенства, а сега се враќа од завршниот турнир на Лигата на нации со сребрен медал. 

Состави

Златко Далиќ

4-3-3

    Луис де ла Фуенте

    4-2-3-1