Модриќ донесе одлука околу иднината во Реал Мадрид

Модриќ

Најдобриот фудбалер за минатата година Лука Модриќ најверојатно ќе остане уште две сезони во Реал Мадрид.

Хрватот се договори со управата за нов двегодишен договор кој ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2021 година.

Шпанска „Марка“ пишува дека освојувањето на „Златната топка“ било пресудно за продолжувањето на соработката на играчот за врска. Неговото име се поврзуваше со Интер, но сега сите шпекулации паѓаат во вода, бидејќи Зинедин Зидан успеа да го убеди 33-годишникот од Задар да остане.

Се очекува само официјализација од страна на „кралевите“ која ќе биде објавена во наредните неколку дена.