Модриќ до судијата: Зошто се однесуваш така со мене? Не смеам да ти кажам ништо

Реал Мадрид извојува убедлива победа од 0-3 на гостувањето кај Кадиз, во натпреварот од 14. коло од шпанската Примера. Бразилското крило Родриго постигна два гола, а Џуд Белингем запиша еден погодок. Младиот Англичанец на тој начин стигна до бројката од 14 гола во првите 15 настапи за Реал. 

Одличен натпревар имаше и Лука Модриќ кој доби овации од домашните фанови и одигра 69 минути. А токму Хрватот беше фатен од страна на камерите како разговара со судијата на мечот Гиљермо Куадро Фернандез. Модриќ бил иритиран од некои одлуки, па налутено му рекол: 

„Ништо не се побунив. Но, зошто се однесуваш така со мене? Ти приговорив трипати. Никогаш не те омаловажувам, но не смеам да кажам било што?“.

Сезонава Модриќ најчесто е на клупата за резерви во Реал Мадрид и поради тоа се шпекулира дека уште во јануари ќе побара трансфер, за да биде подобро спремен за Европското првенство во Германија, кое најверојатно ќе биде негово последно големо натпреварување во дресот на Хрватска.

Состави

Mauricio Pellegrino

4-4-2

    Карло Анчелоти

    4-3-1-2

      Најнови вести од
      Примера, Шпанија