ВИДЕО: Модесте ги спаси „јарците“ против Леверкузен

Екипата на Келн на домашен терен спаси бод и одигра реми против Баер Леверкузен (2-2) во рамки на деветтото коло од германската Бундеслига.

  • Извештај од натпреварот:

„Јарците“ во еден момент губеа со два гола, меѓутоа добрите последни десет минути од натпреварот им донесоа бод против благиот фаворит на хартија и еден од тимовите кои се борат за местото во Лигата на шампионите следната сезона.

Со два брзи гола на Шик и Белараби во 15. и 17. минута, „фармацевтите“ обезбедија сигурна предност. Келн ги постигна двата гола во вториот дел, двоен стрелец беше Модесте. Првиот погодок падна во 62. минута, додека ремито се означи во 82. минута.

За Келн ова беше трето реми во последните пет кола. Леверкузен е четврти и ова е втор кикс по оној болен пораз против Баерн Минхен во претходната рунда.

Состави

Steffen Baumgart

4-1-3-2

    Gerardo Seoane

    4-2-3-1