• Горан Упале
Лукас Подолски нема намера да се пензионира. Поранешниот германски репрезентативец го продолжи договорот со Горник Забрже на уште две години и во полскиот клуб ќе остане уште најмалку до летото 2025 година.
Во дресот на клубот во кој сака да ја заврши кариерата досега има постигнато 16 гола со 13 асистенции. Тој одигра 27 натпревари за Горник, кој моментално е шести на табелата Екстракласа.
Кога ќе истече договорот, Подлоски ќе има 40 години.
„Овде пораснав, ова е мојот клуб од детството. Мојот сон е тука да ја завршам кариерата“, често повторува Лукас кога зборува за Горник од Забрже.
Подолски во Горник пристигна од Анталијаспор, а уште играше и за Висел Кобе, Галатасарај, Арсенал, Интер, Келн, Баерн Минхен...