• Иван Димовски
Фудбалерите на Наполи изборија пласман во четвртфиналето од Купот на Италија по неверојатна драма против Каљари, решена дури по пенал рулет кој траеше цели 10 серии.
Во рулетот се истакна голманот на „партенопеите“ Вања Милинковиќ-Савиќ. Србинот одбрани еден пенал, ама повеќе се истакна со изведувањето на својот удар од единаесет метри. Тој испрати вистинска бомба во мрежата, неодбранлива за голманот Елиа Каприле.
Интересно беше дека Конте му веруваше на Милинковиќ-Савиќ и го одбра како седми изведувач, а тој му одговори на најдобар можен начин.









