• Горан Упале
Томас Тухел од први јануари и официјално ја започна својата нова авантура во тренерската кариера. Имено, германскиот стратег седна на „жешкото“ столче на англиската фудбалска репрезентација, а во пресрет на првата репрезентативна пауза оваа година го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за стартот на квалификациите за следното Светско првенство.
Во првиот список на Тухел има многу изненадувања. На пример фалат имињата на неколку играчи, како Хари Мегваер, Џек Грилиш, Оле Воткинс..., додека повратници во репрезентативниот дрес се Џордан Хендерсон и Маркус Рашфорд.
- Списокот на Англија за натпреварите против Албанија и Летонија:
Во мартовскиот репрезентативен прозорец Англија ќе игра на свој терен, против Албанија и Латвија.