ВИДЕО: Многу емоции на едно место, Чаби Алонсо се прости со фановите на Баер!

Чаби Алонсо, еден од најценетите фудбалски тренери во моментов, официјално се прости од навивачите на Баер Леверкузен, ставајќи крај на својата извонредна епизода со клубот. 

Неговото заминување од „Бај Арена“ беше обележано со многу емоции, благодарност и почит од навивачите, играчите и клупското раководство, по две и пол успешни години во кои го трансформира тимот во еден од најсилните во Европа. 

Шпанскиот тренер направи чудо со „фармацевтите“ и донесе историска титула шампион на Германија, а сега прави голем чекор кон напред во тренерската кариера и наскоро треба да седне на клупата на големиот Реал Мадрид.