ВИДЕО: „Млекарите“ со Лече им се вратија на победите во Серија А

Парма се врати на победнички пат во Серија А и на домашен терен славеше над Лече (2-0) што е прв триумф за „млекарите“ во последните три кола.

Фаворитот на хартија одигра според планот и со два гола во второто полувреме го запиша посакуваниот резултат. Со трите бода тимот скокна на седмото место на табелата во Серија А и повторно е во игра за едно од местата кои водат во Европа.

  • Извештај од натпреварот: 

Головите вредни триумф ги постигнаа Симоне Јакопони и Андреас Корнелиус. Првиот погоди во 57. минута со глава по нафрлена топка на Хернани, додека вториот реализира во 72. минута, откако налета на еден отпадок во казнениот простор.

Парма во наредната рунда ја чека тешко гостување кај Јувентус, додека Лече кој има четири порази во серија ќе биде домаќин на Интер.

Состави

Roberto D'Aversa

4-3-3

    Fabio Liverani

    4-3-1-2