ВИДЕО: „Млекарите“ ја измолзеа залетаната „римска волчица“

Екипата на Парма забележа голема победа во италијанската Серија А и на домашен терен славеше над Рома (2-0) со што ја прекина одличната серија на римјаните во калчото.

„Римската волчица“ шест натпревари по ред не знаеја за пораз, меѓутоа „млекарите“ успеаја да дојдат до три бода пред домашната публика. Воедно, со овој триумф, Парма ја прекина кризата и победи првпат во последните четири кола. За Парма ова беше прва победа во последните шест меѓусебни меча со Рома.

  • Извештај од натпреварот:

Двата гола вредни победа за Парма паднаа во второто полувреме. Прво, во 68. минута погоди Спрокати по асистенција на Гаљоло, а потоа, пред самиот крај на средбата точка на триумфот стави Корнелиус, откако Рома загуби топка на средината на теренот по еден голем пресинг на домашните.

Парма е на осмото место во Серија А со 17 бода, додека Рома сега е надвор од зоната која води во Лигата на шампионите и има 22 бода.