ВИДЕО: Младост Лучани не се ни закани, нов лесен триумф на Црвена Звезда

Српскиот шампион Црвена Звезда ја забележа и трета победа во ЛингЛонг лигата на нашиот северен сосед. По разочарувачкото реми против Копенхаген во Лигата на шампионите, „црвено-белите“ на тренерот Милојевиќ лесно го совладаа Младост Лучани со 2-0 (2-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Работите беа завршени уште во првиот дел кога Вулиќ и Јевтовиќ ги постигнаа головите за три бода на Црвена Звезда. Со оглед на тоа што имаат еден заостанат натпревар, „црвено-белите“ немаат максимални 12 бода, а утре до четврта победа во новата сезона можат да стигнат Војводина и Бачка Топола.