• Иван Димовски

Детонит Плачковица го промовира последното зимско засилување за втората полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Нов член на тимот од Радовиш е Костадин Капсаров. Станува збор за млад крилен фудбалер кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица. Во минатото Капсаров настапуваше за младинските тимови на Академија Пандев - Брера.
Претходно радовишани се засилија со Игор Јаневски, Давид Дебрешлиоски, Александар Смилков, Дамјан Масевски, Филип Манасиевски, Давид Јошески, Филип Димоски и Јовица Радевски.
Зимската полусезона Детонит ја заврши на петтата позиција со 25 бода, има седум помалку од третопласираниот Башкими, а и оваа година целта е напад барем на местото кое води во баражот за ПМФЛ.