Младите „кралеви“ ги собраа признанијата на Светското клупско првенство

Бразилецот Винициус Жуниор е најкорисен играч на Светското клупско првенство, кое денес заврши во Мароко. Бразилецот вгради два гола во победата од 5-3 во финалниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ал-Хилал. „Кралевите“ стигнаа до петтата светска титула, покажувајќи дека знаат да играат финалиња.

„Сребрената топка“ за вториот најдобар играч му припадна на Федерико Валверде, исто така од Реал Мадрид, а Лусијано Вието од Ал-Хилал е освојувач на „Бронзената топка“.

Реал Мадрид е и носител на фер-плеј признанието, бидејќи во два натпревари доби само еден жолт картон, оној на Чуамени во финалето.

Третото место му припадна на Фламенго, кој во малото финале го надигра Ал-Ахли од Египет. За освојувањето на светската титула Реал Мадрид ќе инкасира шест милиони евра. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Ramon Diaz

    4-2-3-1