Младите „аѕури“ добија нов селектор, ќе дебитира во Битола против Македонија!

Италијанската У21 репрезентација официјално има нов селектор, а тоа е искусниот стратег Силвио Балдини, кој доаѓа на инсистирање на Џанлуиџи Буфон и Џенаро Гатузо. 

Балдини бил лично контактиран и од претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, а официјалната потврда се очекува во следните денови.

Новиот селектор има богато искуство од работењето со тимови што настапуваат во Серија Б, а сега првпат добива посериозен интернационален предизвик.

Своето деби на клупата ќе го има во Битола во септември, каде неговата Италија ќе се соочи со У21 репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство. 

ФОТО/PHOTO: Pescara Calcio/Facebook