Младиот Самуел Наков Фуентес е најново засилување за Брера Струмица

Македонскиот прволигаш, Брера Струмица, се пофали со ново засилување за новата сезона. Струмичани во своите редови го доведоа 20-годишниот Самуел Наков, кој има македонско и шпанско државјанство. 

Минатата година настапуваше за бугарскиот второлигаш Дунав Русе, а сега за првпат ќе се испроба и во елитниот македонски фудбал. Наков потекнува од младинските погони на холандската Рода, а во кариерата има настапувано и за Ханиотис од Грција.

Неговата позиција е во средниот ред, но поседува и одлични офанзивни карактеристики, па се очекува да биде солидно засилување за ростерот на тренерот Бојан Круљ. Брера Струмица ја започна сезоната во ПМФЛ со сигурна победа над скопски Вардар (3-1). 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.