Младиот напаѓач на Челзи замина на едногодишна позајмица во Сандерленд

Младиот шпански напаѓач, Марк Гују, официјално го засили премиерлигашот Сандерленд, каде пристигна на едногодишна позајмица од редовите на Челзи

Гују минатата сезона одигра осумнаесет натпревари за „сините“ од Лондон и постигнна шест гола во Конференциската лига, натпреварувањето кое неговиот тим на крајот го освои и го крена шампионскиот трофеј. 

Шпанецот потекнува од школата на Барселона, но никогаш не успеа да се наметне во првиот тим на каталонскиот гигант. Во Челзи дојде минатата година, но лондонскиот клуб реши да го испрати на позајмица каде сигурно би имал далеку поголема минутажа. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк. 

ФОТО/PHOTO: Sunderland AFC/Facebook