Младиот напаѓач Давид Ивановски го засили битолски Пелистер

Македонскиот второлигаш Пелистер има ново име во својот табор, а тоа е Давид Ивановски, кој доаѓа од редовите на Кожуф.  

Се работи за 19-годишен офанзивен фудбалер кој треба да ја збогати напаѓачката ротација. Во младинските категории настапуваше за швајцарските Винтертур и Сент Гален. 

Пелистер по испаѓањето од Првата лига гради нов тим со јасна амбиција што побрзо да се врати во најсилното македонско фудбалско друштво.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.