• Иван Димовски
Фудбалерите на Лацио се пласираа во финалето на Купот на Италија, откако по подобро изведување пенали ја елиминираа Аталанта со 2-1, по 1-1 во регуларниот дел и продолженијата, а нерешено беше и по првиот натпревар (2-2).
Херој на римскиот тим беше младиот голман Едоардо Мота, кој одбрани дури четири пенали и директно го однесе својот тим во големото финале, каде ќе игра против Интер.
По мирното прво полувреме, возбудувањата почнаа по паузата. На Аталанта ѝ беше поништен гол преку Едерсон поради прекршок на Никола Крстовиќ. Лацио поведе во 85. минута преку Алесио Ромањоли по корнерот на Матија Закани, но само минута подоцна Марио Пашалиќ израмни на 1-1.
- Извештај од натпреварот:
Аталанта имаше повеќе од играта во продолженијата, беше поништен и гол на Џакомо Распадори поради офсајд, но не успеа да дојде до победа. Одлуката падна на пеналите, каде Лацио беше посигурен и со помош на фантастичниот Мота обезбеди место во финалето.
За трофејот од Купот на Италија следниот месец во Рим ќе играат Лацио и Интер.



