Младиот македонски репрезентативец Трајков се сели во Албанија

Македонскиот младински репрезентативец Димитар Трајков и официјално е нов фудбалер на албанскиот прволигаш Вора. Клубот денес го потврди ангажманот на 21-годишниот напаѓач, кој кариерата ќе ја продолжи во елитниот шампионат на Албанија.

Трајков во Вора пристигнува како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со украинска Полисија.

Напаѓачот на репрезентацијата на Македонија до 21 година фудбалската кариера ја започна во Брера, а потоа настапуваше за Беласица и Работнички. Во својата кариера беше и на позајмица во хрватско Дуго Поље, пред да замине во украинска Полисија.

Вора минатата сезона ја заврши на седмото место во албанската елита.