• Горан Упале
Младиот македонски фудбалер Петар Крстевски направи чекор напред во својата фудбалската кариера.
По одличните настапи во дресот на Ред Стар Пензинг, а потоа и во Винер Спорт Клуб, клуб за кој во минатата сезона постигна седумнаесет гола, направи трансфер во клуб од втората по ранг лига на Австрија.
16-годишниот битолчанец се приклучи на тимот на Хорн, каде прво ќе добие можност да се докажува во младинскиот погон, односно во У18 тимот.
Инаку, Крстевски, кој потекнува од школата на Пелистер, забележа и два настапи за соодветната селекцијата на Македонија.