• Саше Љолес
Екипата на Челзи имаше полесен тренинг со казахстанската Астана и без поголеми проблеми славеше со 1-3 (1-3) на гостувањето во рамките на петтото коло од Конференциската лига на УЕФА.
- Извештај од натпреварот:
„Сините“ на Енцо Мареска го решија прашањето на победникот со три гола уште во првите 45 минути, а најдобар поединец на натпреварот беше младиот Шпанец Марк Гују, кој постигна два погодока во 14. и 19. минута
Португалецот Ренато Веига третпат ја затресе домашната мрежа во 39. минута, а Астана постигна почесен погодок преку Хрватот Марин Томасов, кој ги постави конечните 1-3 во последната минута од првото полувреме.
За Челзи ова е петта победа во исто толку натпревари и останува неприкосновен лидер на табелата, додека Астана има четири бода, доволни за последното место кое води во плеј-офот.
На овој дуел настапи и македонскиот репрезентативец Алекса Амановиќ кој беше стартер за Астана и пожолте.