Младиот фудбалер на Фиорентина дише самостојно, состојбата му се подобрува

Грозоморни сцени видовме вечерва во Фиренца, каде фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове падна на земја на натпреварот со Интер, а по брзата реакција на лекарската служба, младиот фудбалер од Рим брзо беше пренесен во болница.

Според „Газета дело спорт“, играчот од средниот ред кој летово пристигна во Фиренца на позајмица од Рома, морал да биде реанимиран. Ситуацијата воопшто не изгледаше наивна, бидејќи младиот фудбалер лежеше неподвижен на тревата додека останатите фудбалери му го вадеа јазикот од устата. Сепак, според последните информации кои ни доаѓаат од Италија, тој засега е добро. Бове дише самостојно и состојбата му се подобрува.

Ова го потврди „Скај спорт“ и освен тоа во овој момент нема дополнителни информации и се чекаат дополнителни соопштенија. Инаку, натпреварот нема да се доигра вечерва и е прекинат при резултат 0-0.