• Саше Љолес

Пред нас е ново издание на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Овој пат најсилните континентални репрезентации ќе се борат за трофејот во земјата-домаќин, Словачка, каде се очекува да ги видиме идните големи ѕвезди на европскиот фудбал.
Покрај домаќинот Словачка, своето учество на првенството го обезбедија Чешка, Данска, Англија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Украина.
Во минатото на овие собири блеснаа нови сјајни ѕвезди како Португалецот Витиња, Дани Олмо, Диого Кошта, Фабиан Руиз, Едуардо Камавинга и други, а сега повторно се очекуват нови таленти кои ќе го одбележат текот на турнирот.
Меѓу оние што треба да го покажат својот раскош се споменуваат неколку квалитетни играчи, а тука се Џоб Белингем (братот на Џуд Белингем), кој сезонава играше одлично за Сандерленд и избори пласман во Премиер лигата, а на оваа листа се уште Хави Гуера од Шпанија, Лука Колеошо од Италија, Џовани Куенда од Португалија, Килиан Сидилија од Франција, Владислав Ванат од Украина и Ник Волтемаде од Германија.
Европското првенство ќе започне со четири натпревари кои ќе се одиграат на 11 јуни. Најпрво силите ќе ги одмерат Словачка и Шпанија (18:00 часот), а три часа подоцна ќе се сретнат Италија и Романија. Овие мечеви се играат во рамките на групата А.
Истиот ден ќе го проследиме и првото коло од групата Ц, а таму ќе се судрат Полска и Грузија, односно Португалија и Франција. Двата натпревари се закажани за терминот во 21:00 часот.