Младински репрезентативец на Македонија е голема желба на Хајдук!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Фадиљ Исламовиќ, е голема желба на сплитски Хајдук, објави „Германијак“ од свои извори.

Исламовиќ има 17 години, а во моментов игра за кадетскиот тим на Кустошија за која забележа 21 натпревар. На сите од нив беше стартер, даде осум гола. Се работи за играч кој знае да игра на повеќе позиции.

„Играч за врска по вокација, сјаен на крило, толку доминантен што можеш да го преместиш било каде и нема да погрешиш. Во Кустошија го донесе Бара, а шефот Томислав Бутина во изминатите денови не може да крене глава затоа што телефонот му звони за Македонецот.“, пишува „Германијак“ во текстот.

Фадиљ Исламовиќ е момче родено во Скопје во 2009 година, а за младинските селекции играше за У16 и У17 тимот каде ја имаше и улогата на капитен.