Младински репрезентативец на Македонија доаѓа во Дебар Маало

Екипата на Работнички во ист ден промовира уште едно ново име. Младиот фудбалер Аритон Мехмеди потпиша за дебармаалци и ќе биде засилување во офанзивата.

Се работи за младински репрезентативец на Македонија (У19), а Мехмеди игра на крилните позиции и доаѓа од редовите на Шкупи со кого забележа настапи во ПМФЛ за време на есенската полусезона.

18-годишникот досега играше само за Шкупи, па Работнички ќе биде втор клуб во неговата професионална кариера.