• Саше Љолес

Младинската екипа на Брера Струмица до 16-годишна возраст ќе учествува на меѓународниот турнир „Играј фудбал, живеј го животот“, кој ќе се одржи во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.
У16 екипата на тренерот Тони Атанасов сезонава ја освои двојната круна во својата категорија и доминантно се прошета низ конкуренцијата, а во Сараево ќе биде носител на групата Б, каде ќе ги одмери силите со домашниот Железничар, Локомотива од Загреб и Бриње од Словенија.
Турнирот ќе се одржи во периодот помеѓу 14 и 16 јуни на тренинг-центарот „Илиџа“ и во центарот за рекреација „Сафет Зајко“ во Сараево. Минатогодишен победник на турнирот е екипата на Локомотива од Загреб.