• Саше Љолес
Младинците на Брера Струмица одиграа одличен натпревар на Купот на пријателството, што се игра во спрскиот Златибор, и славеа со сигурни 3-1 над Железничар од Сараево.
Избраниците на Ѓорѓе Стојчев одиграа солидно во двете полувремиња и водеа со 2-1 на паузата, а потоа уште поубедливо ја заокружија победата. Струмичани славеа со два гола на Крстев (20. и 41. минута), а конечните 3-1 беа дело на Андоновски во 85. минута.
Во фокусот беше вториот гол на струмичани, кога младиот Крстев постигна вистински еврогол и се надоврза на соиграчот Спасов, кој вчера исто така со прекрасен удар ја затресе мрежата на белградски Партизан.
- Головите од натпреварот:
Со овој триумф, Брера Струмица се избори за четвртфинале во Купот на пријателството.