• Мартин Танасковски

Екипата на Брера Струмица ги заврши настапите во младинската Лига на шампиони со втор пораз од Хофенхајм (0-9), овој пат на реваншот кој се одигра во Германија.
Струмичани го загубија првиот меч во Македонија со 0-3, а реваншот на гостински терен беше целосно во знакот на противникот кој покажа дека е класи над македонскиот младински фудбал.
Во првото полувреме Хофенхајм имаше четири постигнати гола, додека во вториот дел, успеа да постигне повеќе. Крамер и Хасфелд дадоа по два гола за победникот, по еднаш реализираа Крета, Дугду, Бругман, Мес и Појатос.
Сепак, оваа сезона ќе остане запаметена како прва во која македонски клуб победи за првпат и успеа да мине едно коло во ЛШ.



