Младинците на Брера од првото коло ќе тргнат во младинската ЛШ

Брера Струмица е младински шампион на Македонија и со тоа доби место во квалификацискиот циклус за место во фудбалската Лига на шампиони.

Настанот за младинците се игра во нов формат и е поделен на два дела. Нашиот претставник ќе игра меѓу лигашките шампиони и ќе тргне од првото коло. Во таа рунда има уште други клубови од повеќе земји кои согласно коефициентот ќе бидат поделени во два шешира пред извлекувањето, а потоа и во скратени групи.

Тоа се Каират (Казахстан), Марибор (Словенија), Академија Ребеја (Молдавија), Корику (Косово), Даугавпилс (Летонија), УЦД (Ирска), Хонка (Финска), Жалгирис (Литванија), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Сараево (БиХ), Прогрес (Луксембург), ХБ (Фарски Острови), Клифтонвил (С. Ирска), Валета (Малта), Динамо Тбилиси (Грузија), Талина Калев (Естонија), Стјарнан (Исланд), Билис (Албанија), ТНС (Велс), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Санта Колома (Андора) и Будуќност (Ц. Гора).

Ждрепката за младинската Лига на шампиони е на 3 септември во Нион. Првите натпревари се игрраат на 18 септември, додека реваншите се на 2 октомври.