Младен Крстајиќ разрешен, Србија добива нов селектор

Одборот за итност на Фудбалската федерација на Србија свика состанок на кој го разреши актуелниот селектор Младен Крстајиќ и „орлите“ во наредниот период ќе добијат нов предводник.

Како што јавува „Спорт Клуб“, причина се незадоволителните резултати во изминатиот период и негативата атмосфера која се создала во репрезентацијата, посебно по поразот од Украина. Повеќе информации на оваа тема се најавуваат наскоро.

Јавноста не е изненадена, иако по поразот од Украина, директорот на репрезентацијата Дарко Ковачевиќ изјави дека Крстајиќ со сигурност останува. Поранешниот дефазивец не беше прифатен од јавноста и се очекуваше негова смена и по Светското првенство во Русија. 

Крстајиќ ја презеде репрезентацијата на Србија по квалификациите за СП 2018, а дојде на местото на Славољуб Муслин, кој незаслужено доби отказ. Претходно, Крстајиќ беше помошник во стручниот штаб.

Најсериозен кандидат за наследник на Крстајиќ е Љубиша Тумбаковиќ, кој пред една недела доби отказ од Црногорскиот фудбалски сојуз.