Младата ѕвезда на Лион: Не би заминал во Саудиска Арабија ниту за 600 милиони евра дневно

Младата и надежна ѕвезда на Лион, Рајан Черки, е еден од најголемите таленти на „Лавовите“ и дебитираше за првиот тим со само 16 години, но следното лето му истекува договорот и засега нема разговори за продолжување на соработката. 

Черки не доби понуда за нов договор од Лион, па така клубот ризикува да го загуби бесплатно на лето, но играчот категорично отфрли една можност, а таа е преселба во Саудиска Арабија. 

„Имам неколку навистина интересни понуди. Се чувствувам одлично во Лион, но уште не се знае што ќе се случи. Едно е сигурно, не би заминал во Саудиска Арабија ниту за 600 милиони евра дневно“, изјави Французинот. 

Се шпекулира дека најконкретни понуди стигнале од Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, па останува да видиме дали младата ѕвезда ќе се реши да замине од Франција летово. Рајан Черки веќе има големо искуство од играњето во Лион и успеа да „собере“ 109 настапи за првиот тим.