• Саше Љолес
Младата надеж на италијанската репрезентација и член на Интер, Франческо Пио Еспозито, добива нов договор од управата на „нероаѕурите“, со кој ќе се задржи во клубот до 2031 година.
Еспозито минатата сезона блесна во дресот на италијанскиот шампион, постигнувајќи десет гола во сите натпреварувања, и покрај тоа што често не беше стартер, или добиваше шанса од клупата за резерви.
Новата соработка ќе ја зголеми неговата плата на 3,5 милиони евра годишно, со што Интер го „бетонира“ неговиот договор и на тој начин се заштитува од конкурентите кои би сакале да го видат во своите редови.
Напаѓачот потекнува од младинската школа на Интер, а исто така настапуваше и за екипата на Специја, каде постигна деветнаесет првенствени голови.
