• Горан Упале

Репрезентативецот на Гана и првотимец на Ајакс Амстердам, Мохамед Кудус е доста оптимист пред Светското првенство во Катар. Во изјава за медиумите, тој откри дека не смета дека има полоши фудбалски квалитети од бразилската суперѕвезда Нејмар.
„Нејмар? Тој не е подобар од мене. Едноставно е попознато име, тоа е сè. Она што го прави подобар во моментов е фактот дека постигна повеќе во кариерата. Наскоро и јас ќе бидам на тоа ниво“, изјави Кудус за британски „Гардијан“.
22-годишниот фудбалер на Гана порасна во славната фудбалската академија „Рајт ту Дрим (Right to Dream)“ во Акра, од 2018 до 2020 година беше член на данската Нордсјеланд. Во последните две години настапува за Ајакс, а за репрезентацијата на својата земја одигра 18 натпревари и постигна пет гола.