Млад српски фудбалер потпиша прв професионален договор со Ливерпул

Младиот фудбалер Стефан Бајчетиќ, кој е син на поранешниот српски интернационалец Срѓан, парафираше прв професионален договор со Ливерпул

Талентираниот Бајчетиќ тукушто наполни 17 години, па како подарок стави потпис за соработка со „црвените“. Момчето кое е член на академијата на Ливерпул пристигна во клубот од Селта Виго во февруари, а и покрај тоа што е млад веќе заигра и за У23 тимот. 

Бајчетиќ всушност има двојно државјанство, бидејќи е роден во Виго, Шпанија. Србија се надева дека ќе го добие перспективниот стопер во својата селекција, а тој веќе дебитираше за У18 селекцијата на Шпанија оваа година. Сепак, не се исклучува можноста во иднина да го облече дресот на „орлите“.