Млад Русин го одби најголемиот договор во историјата на хокејот

Рускиот хокејар Кирил Капризов одби понуда која ќе го направеше најплатениот играч во историјата на овој спорт. Минесота Вајлд му понуди осумгодишен договор вреден 128 милиони долари, но 28-годишниот напаѓач реши да ја одбие оваа можност. Со тоа, рекордот и понатаму му припаѓа на Леон Драјсајтл од Едмонтон, кој има потпишано осумгодишен договор од 112 милиони долари.

Капризов моментално има уште една сезона од петгодишниот договор вреден 45 милиони долари што го потпиша во 2021 година. Наместо продолжување, Русинот сака како слободен играч да има отворени опции по завршувањето на сезоната.

Од неговото доаѓање во 2020 година тој е главната офанзивна сила на Минесота, со 185 голови и 201 асистенција на 319 натпревари. Минатата сезона, и покрај повредите, успеа да постигне 25 голови на само 41 меч.

ФОТО/PHOTO: Minnesota Wild/Twitter