• Горан Упале

Додека фудбалските свет тагува по трагичната смрт на Диого Жота, кој почина во четврток, во друг дел од Европа се случи уште една сообраќајна несреќа која одзеде млад живот. Станува збор за Ксавери Јежевски, 17-годишен напаѓач на Легија и полската младинска репрезентација, кој претрпе тешки повреди во несреќа во која неговата постара сестра почина на лице место.
Несреќата се случила во близина на Плоцк, кога возилото излетало од патот и удрило во дрво. Младиот фудбалер е во критична состојба, а полицијата известува дека причината за несреќата е непозната, но се сомнева дека брзината не била фактор.
„Тој е во болница во многу тешка состојба по несреќата во која ја загуби сестра си. Управата на клубот, персоналот, соиграчите и тренерите на Академијата им упатуваат најдлабоко сочувство на родителите и ја споделуваат нивната тага...“, објави Легија.
Инаку, Јежевски важи за голем талент, а доказ за тоа се неговите седумнаесет голови на последните натпревари за младинскиот тим.